Magyar English

Мартон ПОНГРАЦ

Главни способности и сектори:

  • Стратешко и оперативно деловно планирање, водење на работите со целна ориентација
  • Менаџирање при изведување на работите, развој на системи за контрола
  • Анализа на деловното влијание, анализа на трошковниот бенефит
  • Развој на процеси, примена на TQM методологии (lean, six sigma)
  • Банкарски сектор
  • Јавна администрација
 

Мојaта консултантска кариера ја започнав во Германска компанија. Во текот на годината која ја поминав таму учествував во неколку проекти засновани на TQM развој и работев на позиции кои се поврзани со EFQM-засновани на самостојни проценки во интернационални компании за производство како што се Siemens и Knorr-Bremse. Како надополнување на предметот на мојата работа имав можност да учествувам во обуки како што се Six Sigma и EFQM-самостојна проценка.

Ја продолжив мојата кариера во една од компаниите во Унгарија која е пионер во давање на професионален менаџмент консалтинг и контрола на финансиски и деловни операции.  Менаџерскиот пристап и развојот на соработката меѓу лицата се секогаш дел од нашата консултантска проценка. На страна од професионалните решенија постепено ја научив важноста на човечкиот фактор во успехот на проектот. Искуството добиено таму, соработката, фокусирање кон потрошувачите и обврската за квалитетно работење за мене сеуште претставуваат модел како треба да се работи.

Се приклучив на тимот на Виалто Консалтинг кон крајот на 2008, на волја на моите колеги кои уште тогаш ме привлекоа. Во последните неколку години највеќе бев вклучен во анализа на деловното влијание, во доста различна средина кога се мисли на клиенти. Имав можност да  добијам увид во работата на различни организации во различни земји, од големи телекомуникациски компании до финаниски организации. Моето мислење е дека нашата сила лежи во наши прилагодливи решенија  и адаптација на различно индистриско и методолошко знаење.Ова го сметам исто така за многу важно во мојата работа.

 

Моето слободно време го поминувам со спортски активности и активна рекреација. Чест посетител сум на центрите за јавање, ски терени, шумски и ливадски терени.