Magyar English

Настани, презентации, конференции

Успех во тек на криза

ICMCI (Меѓународниот совет на институти за менаџмент консалтинг) ја одржа својата редовна седница во Будимпешта во Мај 2012. Во врска со овој настан, на 9 Мај беше организирана успешна конференција со наслов „Успех во тек на криза" од страна на Унгарските партнерски организации, VTMSz (Здружение за менаџмент косултанти во Унгарија) и  IVSZ (ICT Здружение на Унгарија).  Целта на на конференцијата беше да се демонстрира  вредност во создавање на компетентен менџмент консалтинг преку меѓународни трендови, искуства и најдобри пракси. Неколку разговори на тркалезна маса и професионални делови дадоа простор признати национални и меѓународни експерти  и компетентни лидери од страна на клиентот да дискутираат за нивните забелешки и идеи.

Домаќин на сесијата именувана како ИТ и менаџмент конслатинг" беше консултантската работна група на IVSZ, претседавана од нашиот ивршен директор Г-дин Чаба Ленгел. Еден од предавачи на сесијата која паралелно се одвиваше именувана како „Меѓународни искуства и можности за консултанти од Унгарија" беше Г-дин Имре Херцег, извршен директор на Виалто Консалтинг. Цели на новиот менаџмент кои се декларираа и избраа веднаш по конференцијата организиарана од страна на VTMSz се - во согласност со самата конференција - да се потенцираат управувањето со квалитет на консултантските услуги и заштитата на интересите во консултантската професија.

 

Виалто во Билетот за железнички сообраќај

Во Билтенот за железнички сообраќај СВЕТ (бр.65 од 7 мај 2012) беше објавен натпис кој се однесува на најновите вести и основните информации врзани за проектот Трамвај во Скопје издаден од страна Г-дин Горан Николоски. Содржината на натписот се заснова на интервјуто направено со нашиот колега Г-дин Кристијан Ѓорѓиевски како и на официјалниот напредок и предози доставувани во минатиот период од страна на Виалто.

 

Награда: "Најдобар консултант на годината"

Со гордост објавуваме дека Виалто Консалтинг беше награден со титулата "Најдобар консултант за  2011 година" од страна на Комора за трговија и индустрија во Будимпешта (BCCI) во Март 2012.

Насловот на нашиот прокет кој ја доби наградата, раководен од страна на Г-дин. Арон Немеш беше "Избор на ERP систем интегратор и проект за имплементација на системот". Проектот беше наменет за нашиот клиент од Македонија, АД ЕЛЕМ во блиска соработка со Датен-Контор (Унгарија).  Конкурентската тема на нашиот предог беше методологија на избор на систем интегратор, DRAPP [Детална анализа на барањата и паралелно планирање]. Методологијата беше развиена од страна на консултантите на Виалто и беше директно скроена по мерка која ќе одговара на потребите на нашиот Клиент. Кликнете тука и прочитајте повеќе за нагрдата и методологијата. >>

 

Форум за оптимизација 2012 - конференција за конкурентност

Веќе стана традиција многу Унгарски професионалци за оптимизација да учествуваат на Петтиот национален форум за оптимизација - конференција за конкурентност, кој се одржува од 12-13 април 2012. Програмата, организирана од страна на Кваликон, не само што ќе ги содржи постоечките предавања од деловните експерти за оптимизација, туку ќе има и интересни презентации од успешни менаџери на неколку водечки компании како и професионални форуми за подобрување на конкурентноста и ефикасноста користејќи ја филозофијата и методологијата на оптимизација.

Нашите колеги на конференцијата: Г-д Мартон Понграц, заедно со Г-д. Ференц Тамаш Шмел , проект менаџерот на CIB Bank cPlc., ќе го презентираат делот за предметната студија за рационализирање на мрежните процеси на филијала на банката користејќи оптимизација. По нивното претставување, Г-д Имре Херцег ќе учествува во тркалезна маса за примена на оптимизациска методологија во секторот за услуги.

 

Самит за електронско банкарство 2012

Деловниот модел, заедно со дополнителните вредности кои може да се добијат од консулантските услуги за подршка во имплементацијата на технологиите за мобилна исплата беше главна тема на презентацијата на нашиот колега Г-дин Имре Херцег која беше презентирана на конференцијата на самитот за E-Banking 2012.

Прелиминарната цел на говорот беше активирање на размислувањето кај слушателите со откривање на вистинските потреби на (потенцијални) клиенти на технологиите за мобилна исплата. Исто така, она што беше во фокусот на оваа конференција која се одржа на 6 март беше и идентификување на причините, влијанијата, точките на добивка и влијателни фактори при спроведување на овие најнови (state-of-art) решенија од различни области почнувајќи од банкарството, преку телекомуникациски до комерцијалниот сектор.

 

Методи на комуникација во пракса

Нашиот колега, Г-дин Ласло Недецки одбра интерактивен начин на презентирање на методологијата на клучните точки при комуникација на проект, на студентите на  Универзитетот Corvinus во Будимпешта. Тој ги воведе теориите преку реални, практични примери врз основа на типични искуства здобиени во текот на неговото работење.

Целта на предавањето кое се одржа во Март 2012 беше да и се овозможи на публиката незаборавни, долготрајни впечатоци и искуства за соодветен аспект од општата методологија за Проект менаџмент, преку вклучување на слушателите во различни животни  ситуации и вежби во рамките на предметот Менаџмент со организациски и информатички проект.

 

AIESEC: успешно партнерство од 2008

Целта на Виалто Консалтинг е да даде подршка на најталентираните членови од следната просперитетна генерација со нашето експертско знаење. Заради ова, партнерството со AIESEC Унгарија од 2008 значи подршка на активностите во организацијата на најразлични начини.
Ние учествувавме во развојот на вештините и другите образовни настани поврзани со одредни области, на пример односи со клиенти, продажба, комуникации и управување со промени, исто така бевме вклучени во советодавниот тим за подршка при тоа фокусирајќи се на информатичка технологија. Сепак, горди сме да кажеме дека го подржуваме процесот на креирање на нивната визија за 2015 година, принципите за стратегија и давање насоки кои произлегуваат од списокот на соработки во последниве неколку години.

Дознајте повеќе за нашата професионална соработка со AIESEC Унгарија тука.

 

Ризици од корупција на управните органи

Целта на конференцијата која се одржа на 24ти Ноември, иницирана од страна на  Transparency International Унгарија е да се промовира новиот пристап и да се донесе модел за промена во процесите на управните органи за да се намалат ризизците од корупција преку ревизија на процедуралните правила и спроведување на соодветен механизам за контрола и санкции. Дискусијата помеѓу идентификуваните експерти за управување на ризици, сопственици на компании, владини претставници и раководители на различни унгарски органи, вклучувајќи го Државниот инспекторат за труд, Министерство за јавна администрација и правда, Владина канцеларија на главниот град Будимпешта, Организиран криминал и единица за предмети за корупција, Државно биро за истраги и Централна канцеларија за државна даночна и царинска админстрација беше подржана од страна на Виалто Консалтинг.

Ве молиме кликнете тука за детална програма на настанот (Достапно на англиски и унгарски јазик).

 

Јавна администрација од граѓански аспект

Нашиот менаџер Г-дин Чаба Ленѓел, ја презентираше нашата меѓународна награда добиена за успешно работење на проекти (доставено до Органот за образование во Унгарија) на втората INFOTÉR Конференција (Информатичко општество) одржана на 23ти ноември.

Дополнителни детали за настанот се достапни на официјалната страна. (само на Унгарски јазик)

 

Нешто повеќе во врска со сертифицирање за ЗКМ

Како домаќин на третиот состанок на 5та Државна конференција за консалтинг која ќе биде организирана од страна на Комората за трговија и индустрија од Будимпешта (КТИБ) на 17.11.2011, нашиот менаџер Г-дин Имре Херцег (главен консултант, СКМ, Извршен член на одборот на Здружение на консултанти за менаџмент ([ЗКМ])ќе ја води дискусијата за СКМ сертифицирање.

Детална програма од конференцијата може да се најде тука. (достапно само на Унгарски)

 

Веб-базирани алатки во областа на проект менаџмент

Темата на 16от Конференциски повик организиран на 9ти Ноември 2011, од страна на Институтот за проект менаџмент беше "Проект менаџер од аспект на Социјални медиуми и веб 2.0" Нашиот колега Г-дин Ласло Недецки беше оn-line презентер во делот за  "On-line алатки за Проект менаџмент",  кој меѓу другите задачи беше одговорен и за практично воведување на Зохо алатките.

Ве молиме кликнете тука за подетални информации за конференцијата и оваа програма (достапно само на Унгарски).

 

Регионален Семинар за Јавен Превоз
(Борис Трајковски Арена, Скопје, 13-ти Октомври, 2011)

Експерти на темата, заедно со нашиот колега, Г-Дин. Кристијан Ѓорѓиевски, беа поканети за презентирање на поектот за трамвај во Скопје како еден од главните развои кои имаат за цел поефтин, поефикасен и поеколошки, јавен превоз во Скопје.

Доколку сте заинтересирани, ве молиме кликнете тука за да ја прочитате презентацијата, и да дознаете повеќе за темата и поврзаните Македонски пресови.

 

Глобална Награда за Менаџмент Консалтинг - Constantinus: Интернационално признание на Vialto Consulting

На 6-ти септември, Vialto Consulting беше награден со Сребрен Медал на Глобалнанта награда за Менаџмент Консалтинг Constantinus, од страна на IMCMI (Интернационален Совет на Институции за Менаџмент Консалтинг), за програмата "Одржлива трансформација во јавна администрација" извршена во Образовниот Орган (Унгарија) помеѓу 2008 и 2009.

Главните достигнувања на нашата програма, избрани од најуспешните проекти во Унгарија,  номинирани за интернационалниот натпревар, и наградени од VTMSZ (Асоцијација на Менаџмент Консултанти во Унгарија), се оние кои во блиска соработка со колегите од Образовниот Орган, не само што ги намалија административните трошоци на процесите, туку во исто време успеаа значително да го скратат времетраењето на канцелариските рутини.