Magyar English

Консултантски услуги за избор на концесионер за изградба и користење на лесен шинскисистем (Трамвај) во градот Скопје

Официјално име на проектот: Консултантски услуги за избор на концесионер за изградба и користење на лесен шински систем (Трамвај) во градот Скопје

Финансирање: Локална набавка

Договорен орган: Град Скопје

Земја на имплементација: Република Македонија

Период на имплементација: Декември 2010 - Декември 2011

Корисничка институција: Град Скопје

Партнери: EC Harris Ltd.

 

За проектот: Согласно со Националната Стратегија за Транспорт од 2008 година, усвоена од Парламентот на Република Македонија, во делот за урбан транспорт како еден од основните упатства за развој на урбаниот превоз во Град Скопје, препорачано е до локалните власти да се подготви стратегија за одржлив  урбан превоз, и препорачано е да се воспостави урбан шински транспортен систем.

Согласно глобалните стандарди, Стратегијата за развој на јавен градски превоз во Скопје 2008 - 2018, подготвена во 2008 година, препорачано е воведување на побрз начин на јавен превоз на патници, со поголем капацитет, за категорија на градови со повеќе од пола милион жители, која го вклучува градот Скопје. Системот е предвиден како оптимално решение за главниот град, со посебна рута на примарните превозни координати каде што се појавуваат најголем број на патници, кој ќе претставува координирана и интегрирана целина со автобускиот превоз.

Консултантите ќе подготват:

  • Студија за концесија
  • Сообраќајно-техничка анализа
  • Економска и финансиска анализа
  • Правна анализа
  • Истражување на можности за развој
  • Тендерска документација

Цел и намена на проектот: Општата цел на овој проект е промоција на економски и социјален развој на градот Скопје, како и подобрување на инвеститорска клима во транспортниот сектор преку приближување до институциonalното поставки со  стандардите во Европската Унија.

Специјалната цел е поддршката на град Скопје во зголемување на ефикасноста во транспортниот сектор преку подготовка на техничка, финансиска и правна документација за давање на концесија за шински транзитен систем за превоз на патници.

Географски реон на имплементација: Целокупните проектни активности ќе бидат имплементирани во градот Скопје

Контакт личност за понатамошни административни информации:

Г-дин. Кристијан Ѓоргиевски
Координатор на  Проектот

E-mail: Gjorgjievski.Kristijan@vialto.hu