Magyar English

Чаба ЛЕНЃЕЛ

Certified Management Consultant (CMC)

Член на Извршниот одбор Одборот за Здружението на консултанти за менаџмент во Унгарија
 
Лидер во Консултантската работна група на ICT (Инфомратичка, телекомуникациска и електронска компанија) здружението во Унгарија 

Главни способности и сектори:

  • Утврдување на квалитет во системски развој
  • Развој и менаџирање на стратегија за односи со клиенти
  • ·         Развој на Balanced Scorecard (BSC)
  • Процесен менаџмент, реинженеринг на бизнис процеси, подобрување на бизнис ефикасностУправување со знаење
  • Административен и информатички аудит
  • Развој на информатичка стратегија
  • Селекција на информатички системи и имплементација
  • Банкарство и финансиски сектор
  • Јавен сектор
  • Телекомуникации
 

Сакав да бидам математичар уште од мало дете и бев упорен во ова настојување за време на моите студии во математичкиот факултет ELTE, а потоа и како академик на Факултетот за компјутерски науки, но на крајот се насочив кон постабилен професионален живот. Затоа сега сум менаџмент консултант.

Во последната еднаипол деценија се здобив со енормно професионално искуство: раководев различни компании, работев како консултант во јавна администрација, за телекомуникациски корпорации, осигурителни компании, како и провајдери на јавни услуги; градев интернационална консултантска компанија, и заедно со пријателите и колегите го основавме Vialto Consulting, во Ноември 2007. Оттогаш работам уште повеќе, а за возврат се чувствувам одлично.Основање на нови нешта е многу возбудливо (сепак тоа е консултанството!).

Верувам дека да се биде иновативен, да оставиш впечаток на светот со искористување на нашите способности и размислувања "надвор од кутијата", е примарната цел. Работам во блиска соработка со нашите клиенти за оваа цел: да ги поддржам во формулирање и достигнување на нивните амбициозни и иновативни цели со алатки кои варираат од развој на стратегија, преку организационен развој (за целата компанија), до менаџирање на промени и програми за промени. Секогаш го давам најдоброто да ги поддржам клиентите со највисокото стандардно знаење во горенаведените професионални области.

Кога имам и малку слободно време, освен градењето на компанијата, сакам да играм фудбал, да нуркам, да читам, да фотографирам, да слушам (светска) музика, готвење, дегустација на вино, и екскурзии со нашите кучиња.

 

  

Претходни конференциски настапи:

  • Успех во тек на криза (2012): ИТ и менаџмент конслатинг
  • 2ра ИнфоТЕР (Информатика за Општеството) Конференција (2011): Граѓански аспект на Јавната Администрација
  • 22ри ЦЕО Самит (2011)
  • 18ти ЦЕО Самит (2009)