Magyar English

Услуги Поврзани со Системи за Управување со Ресурси (ERP)

Како во конкурентниот, така и во јавниот сектор, се имплементираат голем број на различни системи за управување со ресурси. За време на имплементацијата и апликација на ERP системи, често е запрашувано едно прашање: дали целта на имплементацијата - подобрувањето на ефикасноста и квалитетот - може да биде достигната со системот или не?

Нашите клиенти ги вклучуваат независните управни консултанти на Vialto Consulting за поддршка на управните промени кои се случуваат со имплементацијата на ERP системи, за да ги намалат ризиците на имплементацијата, како и за подобрување на ефикасноста по имплементацијата.

Широкиот спектар на знаење на нашите експерти, како и праксата на проектите, обезбедуваат гаранција за следните услуги:

  • Подготовка на анализа за влијание и поддршка во процесот на одлука
  • Подготовка на системска имплементација, техничка спецификација, поддршка во процесот на селекција;
  • Контрола на квалитетот и ревизија на продуктот за време на и по процесот на имплементација;
  • Услуги кои имаат за цел подобрување на ефикасноста на процеси поврзани со системи за управување со ресурси:
    • Реинжениринг на процеси;
    • Подготовка на регулации и инструкции.

Нашите дополнителни услуги и продукти кои помагаат во процесот на одлука, операцијата и управувањето со компанијата, се градени на ефикасната имплементација на основните информации кои се овозможени со системите за управување со ресурси:

  • Моделирање на алатките на систем за управување со финансии;
  • Подготовка на процеси поврзани со управување со пари, базирани на применетиот систем за управување со ресурси;
  • Подготовка на модели за управување со ликвидноста, користени во јавната администрација и поддршка на имплементацијата;
  • Поставување на системи за контрола (управни, секторни и институтивни) во јавната администрација:
    • Развој на модели за контрола и концепти;
    • Подготовка на дата модели и спецификации;
    • Развој на процеси и регулации.

Нашата аплицирана методологија е дефинирана од комплексноста на организациониот оперативен модел, пристапот базиран на процеси, финансиски и сметководен аспект, најдобрата професионална пракса за имплементација на систем за управување со ресурси во интегрирана информатичка операција.

Широкото професионално искуство и комплексното знаење кое го поседуваат нашите експерти, ги прави достојни за исполнување на високите очекувања формулирани од пазарот.