Magyar English

Управување со Проект, Програма и Портфолио

Секоја компанија се справува со клучни задачи кои не можат да бидат решени во сопствената организациска структура, или пак регуларни управни методи. За да се достигнат овие цели, да се контролираат активностите и следат резултатите, специјални управни методи и техники се потребни, кои што може да не бидат познати од страна на компанијата.

Ние ги препорачуваме сите проектни и програмни управни услуги до:

  • Сите постоечки и идни бизнис партнери кои се соочуваат со значителни, не-рутински, комплексни задачи;
  • Лидери кои се спремни да го обезбедат патот кон достигнување на вистинските проектни цели, кои се спремни да ги пресретнуваат роковите, како и да останат во рамките на цената;
  • Организации кои не се карактеризирани со проектни операции, но за да ги достигнат своите цели водат или планираат проекти;
  • Сите случаи каде:
    • Повеќе од еден проект треба да биде управуван, и континуирана хармонија помеѓу проектите треба да биде постигната,
    • Е важно да се реализираат задачите во даден рок, буџет и резултат, со соодветен квалитет и најнискиот можен ризик.

Нашите консултанти работат на проекти за бројни профитни и не профитни институции, и имаат добиено соодветна пракса во проектно управување во досегашните години. Ние креираме вредност за нашите Клиенти, не само со апликација на модерни проектни методи, но и со користење на овие искуства. Нашите услуги може да се сумираат на следниов начин:

1.  Имплементација на проектна организација, процеси и култура

Нашата цел со воведувањето на проектна организација и процеси, е заедно со нашите бизнис партнери да развиваме нови оперативни и корпоративни култури. Најважните елементи од овој процес се:

  • Развој на програмна и проектна управна организациска структура, прилагодена на дадената компанија;
  • Воспоставување на операциона рамка во проектна канцеларија;
  • Развој на проектни методологии, правила за справување со проекти и проектни стандарди прилагодени на компанијата;
  • Подготовка и извршување на обуки за прифатената методологија во различни нивоа од компанијата, базирана на улогите кои се очекуваат во проектот;
  • Поддршка на работното место за специфични проекти, следење на реализација;
  • Пост-имплементациска ревизија на реализираните проекти, ревизија на успехот на имплементација

2.  Водење проекти, проектна и програмна управна поддршка

  • Идентификација на корпоративни/организациони програми и проекти, дефинирање на проектни цели, проектни планови, ризици, клучни фактори за успех, проектна организација и правилен начин на работа;
  • Детално проектно планирање: нацрт на задачи, рокови, цени, ресурси и подготовка на распореди;
  • Нашите искусни консултанти се подготвени да управуваат со проекти и да го поддржат проектното управување во следниве активности во веќе започнат проект:
    • Следење проектни активности;
    • Развој и реализација на проектно контролирање;
    • Развој и операција на административните системи на проект;
    • Континуирано следење и управување со ризици;
    • Елаборација и реализација на проектен план за комуникација и мотивација.

3.  Независна контрола на квалитетот во проекти

Како независни експерти, ниту поврзани со добавувачи, ниту со проектен менаџмент, се зафаќаме со ревизија и контрола на огромни и комплексни проекти, и професионално и управно.

Целта на осигурувањето и контролата на квалитетот, е откривањето на проблеми и ризици кои се закануваат по достигнувањето на проектните цели, како и сугерирање по управување со ризик.

4.  Обука, пренесување на знаење поврзано со проектно управување

Како и ситеостанати вештини, знаењето од полето на проектно управување, не доаѓа со самото раѓање, туку, претставува вештина која се учи и развива. Нашие обуки за проектно управување, каде што го пренесуваме нашето најдобро знаење и искуство, можат да ги поддржат сите лидери и вработени на нашите бизнис партнери во самиот процес на учење. Секако, нај ефикасните учења се случуваат преку практични искуства, така што ја нудиме нашата интензивна поддршка која ќе им овозможи да вежбаат во нивното свежо теоретско знаење во вистински проект.