Magyar English

ИT Консалтинг

Нашето искуство ни овозможува да обезбедиме успех на информатички развој, како и од информатичка така и од бизнис гледна точка. Поседуваме посебно искуство во решенија базирани на управување со секојдневните задачи, контролирање на профили, системи за наплата и системи за управување на односи со клиенти.

 

1.       Подготовка на информатички стратегии, концепти и мапи

Информатичките стратегии се едни од најважните алатки за успешно управување со информатичка технологија. Бидејќи информатичката технологија игра се повеќе клучна улога во операциите на една компанија, невозможно е да се остварат стратегиските цели без информатички систем кој е дизајниран перфектно врз основа на операциите. Оттука, станува сосема неопходно да се елаборира соодветна информатичка стратегија, која што ќе ја хармонизира бизнис стратегијата како модерно информатичко решение кое ги рефлектира бизнис стратегиите, како и долгорочните бизнис цели во однос на информатичката технологија. Ние сме подготвени да подготвуваме комплексни информатички стратегии, поврзани со стратегиските информатички материјали (концепти, мапи), да ажурираме постоечки стратегии и да ги искомуницираме кон сите вработени во компанијата.

2.       Дизајнирање и имплементација на информатички развој и оддржувачки процеси

Кулминација на ефективна и управна информатичка организација е професионално дизајнирање, оперирање и контрола на информатичкиот развој како и оддржувачки процеси. Острите услови на конкурентниот пазар налагаат воведување на нови услуги и продукти во секое време, информатичката структура на модерната компанија треба да се менува константно, што е невозможно без развој на информатички системи кои го поддржуваат сето тоа. Големиот број на извршени информатички развои им е потребна константна обука, подесувања, управување и мерење на побарувачката, приоритизација, дизајн, имплементација, тестирање, инсталација, проблематични пpоцеси на информатичките организации. Нашите искусни консултанти, кои поседуваат ITIL квалификации, се подготвени да им помогнат на нашите Клиенти во дизајнирање (ре-дизајнирање - доколку е потребно), имплементирање и скенирање на нивните информатички процеси. Назад

3.       Селекција на информатички системи и добавувачи

Најризичниот дел од инвестирањето во информатичка технологија е селекцијата на адекватно решение и добавувач (систем интегратор). Генерално, многу важни одлуки треба да бидат донесени пред менаџерите кои ги донесуваат конечните одлуки да бидат комплетно свесни за сите потребни информации. Овие професионални и финансиски ризици можат да бидат намалени само со процес на селекција, дизајниран внимателно со користење на адекватни методи. Нашите искусни консултанти се подготвени да обезбедат ефективна помош во подготовка, извршување или поддржување во извршувањето на процесот на селекција. Назад

4.       Управување со имплементација на информатички проекти

Успехот на комплексни инвестиции во информатичка технологија е предодреден со дизајнот и контрола врз имплементацијата. Успешна имплементација зависи главно од ефикасноста на управувањето со инвестицијата според предефинирано време, цена и параметри на квалитет. Користејќи модерни методи на проектен менаџмент (проектно планирање, управување со ризик, управување со промени итн.), штетите поврзани со неочекувани настани може да бидат значително намалени (доколку не можат да бидат комплетно елиминирани, дури и со внимателно планирање). Назад

5.       Истражување ставови и подготовки на спецификации поврзани со информатички системи

Успехот на информатичките проекти зависи од комплетната, прецизната и јасната дефиниција на потребите и барањата од едно решение, базирано на заеднички основан договор помеѓу добавувачот на информатичко решение и договорената страна. Всушност, тоа е серија од итеративни чекори кои ги прават барањата на информатички развој се по точни и прецизни. Значи, неколку моменти на одлука можат да бидат поставени во различни периоди од овој процес, така што, разумна одлука базирана на информациите добиени, може да биде донесена во однос на наредните чекори. Нашите консултанти - со неколку бројни искуства во надгледување на побарувачката и елаборирање на спецификации и барања - се подготвени да помогнат во реализација на информатички проекти од средна и висока комплексност. Назад

6.       Имплементација на специфични информатички системи

Vialto Consulting е група на консултанти со солидни способности во професионално, информатичко и проектно управување. Така што ние го поседуваме искуството потребно за управување со софтверски развојни процеси. Ние сме подготвени да развиеме и имплементираме информатички системи во соработка со нашите партнери. Назад

7.       Управување со тестирање

Неколку фактори на ризик можат да бидат идентифицирани за време на развојот на комплексни информатички системи, како што е на пример: операциите на системот се различни од функционалните спецификации, проблеми со изведба или заштитата на податоци е ранета. Овие ризици можат да бидат ефективно намалени со елаборација на тест стратегија и со водење на тест процеси (функционални, модуларни, интегративни, регресивни, перформативни). Како и да е, тестирање е сеуште чекор до успешно системско распоредување. Тестирањето е од особена важност во случај на замена на постоечки информатички системи, па дури и во имплементација на мигрирање на податоци, особено во случај на системи кои управуваат со огромен број на трансакции каде ратата на наплата треба да биде поголема чекор по чекор. Нашите консултанти извршуваат голем број тестирања на проекти кои се поврзани со администрација на клиенти, CRM, системи за наплата и сметководство, така што им ги нудиме на нашите клиенти како независни услуги. Назад

8.       Имплементација на информатички системи, дизајн и реализација на целосна имплементација

Со имплементирањето на нов, комплексен систем е потребно навремено и детално планирање и извршување на чекори кои се корисни за време на имплементацијата. Степенот на овие задачи зависи од комплексноста, нивото на интеграција а системот, волуменот и квалитетот на податоците кои треба да бидат мигрирани. Ние сме подготвени да помогнеме во деталниот дизајн на процесот на имплементација, вклучувајќи и професионален надзор, управување и координација на процесот. Назад