Magyar English

Управување на Односи со Клиенти

Да се биде компанија фокусирана на клиентите претставува еден од нај тематските и еден од најголемите предизвици на денешните компании и организации. Центрирањето на клиентите и долгорочните бизнис партнерства како водечка сила за животот на компанијата, е вистинска профитабилна стратегија. Суштината на ваквата стратегија лежи во генерирањето вредност како за Клиентите така и за компанијата преку нивните односи кои се базирани на взаемна доверба.

Успешноста на развојот на стратегии поврзани со односите со клиенти лежи на една страна во предизвиците кои се реализираат паралелно, а од друга страна извршени во мали, итеративни, успешни чекори. Без разлика на значителните инвестиции кои доаѓаат со имплементација на CRM на почетокот, долгорочна програма е потребна, која ќе резултира во константно мерлива стапка за подобрување на перформансите.

Експертите на Vialto Consulting се спремни да ви ги овозможат следниве услуги поврзани со оваа тема:

  • Проценка и ревизија на корпоративните CRM можности, користејќи зрели модели и водејќи се спрема најдобри практики
  • Елаборација на touch-point анализа
  • Дизајнирање CRM стратегии, развој на CRM мапи
  • Развој на сегментација на клиенти и калкулација на вредносни модели
  • Елаборација на продажба ориентирана кон клиенти и модели на односи со клиенти
  • Поддршка во имплементација на системи за управување со кампањи
  • Развој и ре-дизајнирање на процедури кои се фокусирани кон клиенти
  • Елаборација на долгорочни CRM програми, организации и операции
  • Поддршка во селекција на CRM информатички системи и систем интегратори
  • Менаџирање на CRM обуки
  • Реализација на промена на корпоративна култура, управување со промени