Magyar English

Управување со Деловен Континуитет

Обезбедување на безбеден и стабилен деловен континуитет е критично прашање со кое се соочуваат деловните организации - без разлика на корпоративната големина или индустрија. Земајќи ја во предвид динамичната бизнис средина, и сè поголемата контрола на регулаторите, очекувањата на клиентите, потрошувачите и акционерите, компаниите се принудени управувањето со деловен континуитет да го земат во предвид, не само како препорачлива задача, туку и како елемент кој е од суштинско значење за задржување на компетитивната предност.

Управување со деловен континуитет  (BCM) е интегриран пристап од анализа на бизнис влијание, планирање на деловен континуитет, обновување по криза и менаџирање на ризик, и методологиите за управување со деловен континуитет се базирани на светски распространето искуство и најдобри пракси од индустријата.

Експертите на  Vialto Consulting за своите клиенти ги обезбедуваат следните BCM консултантски услуги базирани на нивното целокупо искуство и многубројните референци поврзаните со темата.

  • Развој на основни директиви од полето на деловен континуитет;
  • Подготовка на процеси;
  • Развој на методологии за анализа на деловното влијание и извршување на анализи на деловно влијание;
  • Елаборација на планови за управување со деловен континуитет и планови за обновување по криза;
  • Тестирање на горенаведените планови;
  • Професионална поддршка во селекција на информатичко-технолошки решенија кои го поддржуваат управувањето со деловниот континуитет;
  • Проектен менаџмент и професионална поддршка на прилагодување и имплементација на софтверски решенија кои го поддржуваат управувањето со деловен континуитет;
  • Елаборирање на методологии за анализа на ризик и извршување на истите
  • Доставување на прилагодени тренинзи поврзани со управување со деловен континуитет.