Magyar English

Стратегиски Консалтинг

Нашите консултанти, кои поседуваат децениско искуство, се подготвени да им помогнат на нашите клиенти во креирање на сопствени патеки, и во превземање на комплексни чекори - како што се дизајнирање на стратегија, елаборирање професионални стратегиски сегменти, развивање на системи кои помагаат во имплементација на стратегијата, управување со стратегиски промени. Нашата цел е да се обезбеди највисоко ниво на професионализам во консалтингот, како и највисоко ниво на додадена вредност за време на нашата соработка.

Нашите главни услуги:

1.  Поддршка во подготовки на корпоративни бизнис стратегии

2.  Менаџирање на стратегиски промени

3.  Поддршка во реализација на стратегијата - Balanced Scorecard (BSC), развој на системи кои ги мерат крајните стратегиски перформанси

Нашите консултанти им помагаат на бизнис партнерите да развијат комплетни Balanced Scorecard (BSC) системи, како и останати системи кои се прилагодени на потребите на клиентите. Исто така, нудиме помош и во процесот на имплементација.

4.  Развој на професионални стратегиски сегменти засновани на бизнис стратегијата

Нашите вработени се спремни за подготовка на професионални стратегии (дури и сегменти) за следните предмети:

  • Имплементирање на пристап кој е фокусиран на клиентот, подготовка на стратегии за менаџирање на односи со клиенти, развој на долгорочна програма за односи со клиенти;
  • Подготовка на проценки на ситуации, дизајнирање концепти и стратегии поврзани со управување со знаење;
  • Елаборирање стратегии од полето на информатичка технологија, концепти и мапи

5.  Организационен развој, развој на корпоративна култура